ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 24.05.2018

Овен (21.03 – 20.04)

Вашата денешна неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе бидете творечки расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех и можност за голема заработка, не се откажувајте, и самите знаете дека нема да биде лесно.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате потреба овие неколку дена да ги поминете некаде покрај вода. Тоа е најдобро за вас, поради тоа што се чувствувате напнато. Ви недостига концентрација и затоа ќе биде најдобро да го прифатите предлогот на новите пријатели и да отпатувате некаде. Не се грижете за работата и љубовта, тие полиња ви се стабилни

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе добиете една примамлива понуда која ќе решите да зачувате за себе. Се работи за нешто што може да биде ризично и се уште не сте сигурни дали ќе ја прифатите. Би сакале да ја прифатите затоа што ќе ви донесе голема финансиска корист, но се плашите да не бидете осудени од опкружувањето.

Лав (23.07 – 22.08)

Внимавајте во љубовта ве очекуваат негативни промени. Препорачлива е консултација со доверлива личност за одлуките поврзани со вашето срце. На работното место се е по старо, и во блиска иднина нема да постојат промени. Незадоолството кое го носите во себе пробајте да го победите со малите нешта кои знаат да ве направат среќни.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе добиете повик кој позитивно ќе ве изненади. Она за што се борите е правилно, но ќе треба подобро да соработувате со другите, барем за сега. Некои ќе гледаат да ја усовршат својата стручност. Оние што учат ќе бидат во добивка. Послушајте ги идеите на вашиот партнер.

Вага (23.09 – 22.10)

Обврските се множат, но вам сето тоа ве исполнува и задоволува. Случувањата кои следат на работното поле само ќе ви отворат уште многу можности за напредок. Ќе бидете при крај со силата, но сепак ќе бидете задоволни. Се обидувате реално да ја согледате својата професионална приказна, но ве мачат некои случувања од минатото и повредената гордост.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На вашето работно место е прилично напорно и не сте така заинтересирани како во претходниот период. Како што денот ќе поминува така вашите амбиции ќе бидат поголеми бидејќи ќе проработи вашиот натпреварувачки дух. Сепак, би било добро повеќе да одмарате. Имајте доверба во еден Рак или Девица кои ќе ви дадат корисни совети.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во соувршувањето е спасот. Но немојте да заборавате на саканата личност бидејќи може да добиете силни критики

Јарец (22.12 – 20.01)

Околината ви поставува пречки, вие напорно се трудите и работите и успешно ги поминувате пречките. Тоа е само тест за вашата издржливот, затоа не и се лутете, постои можност за голем напредок. Некоја Шкорпија ќе побара совет од вас, не бидете скржави, помогнете и да ги реши проблемите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги заразувате со позитивната енергија.

Loading...

Related posts

Дневен хороскоп 19.05.2018

vesti24

Кои хороскопски знаци се најмоќни, најопасни, најсекси…?

vesti24

Лицата од овие хороскопски знаци најлесно ќе ги однесете во кревет

vesti24