ТРАВЕЛ

Долина на тиркизната река – Дали е ова најубавиот кањон во Европа? (ФОТО+ВИДЕО)

Горгес ду Вердон или кањонот Вердон се наоѓа во Јужна Франција.
Долг е околу 25 километри, на одредени места длабок околу 700 метри, а се формира околу реката Вердон која извира во Алпите и која се карактеризира со фасцинантна тиркизна боја. Затоа не изненадува фактот дека многумина го нарекуваат најубав европски кањон.

Од француската ревиера одалечен е околу два часа возење, па се наоѓа на листата често посетени туристички атракции на Франција.
Туристите не само што ја користат можноста да се поврзат со бродовите и кајаците по овој природен бисер, туку неговите спектакуларни варовнички карпи привлекуваат и многу планинари.

Тука можете да истражите 1.500 рути со различни должини, но би требало да се додаде дека сите тие се наменети за вешти планинари.
Ова подрачје има умерена медитеранска клима, аособено е убаво на пролет, кога се расцутуваат розовите цветови на бадемите, односно во текот на летото, кога аромата на виолетовите цветови на лаванда која се одгледува за фабрика за парфеви во Грас го преплавува подрачјето околу кањонот.










Loading...

Related posts

ТУРИСТИТЕ РАЗОЧАРАНИ, НЕМА УЖИВАЊЕ ВО РАЈОТ: Се затвора плажата на Леонардо ди Каприо во Тајланд

vesti24

Незаборавен летен одмор во Sea Star Boutique Hotel Алања-Турција (Маркетинг)

vesti24

Србите летово ја нападнаа Албанија

vesti24