МОДА

Познатата модна куќа “Шанел” мета на критики поради последната кампања

Ќерката на супермоделот Синди Крафорд не само што се движи по нејзините чекори, туку и на само 16 години стана омиленото лице на светските модни куќи. Најновата кампања на Каја Гербер за Шанел е одработена како што треба и како што ѝ прилега на наследничката родена во модното елитно семејство.

Фотографиите ги направи и самиот креативен директор Карл Лагерфелд, кој одлучи дека токму Каја ќе биде заштитното лице на една од најпознатите чанти “Gabrille”, име добиено според Gabrielle “Coco” Chanel.

Но, глетката од младата Каја, легната на креветот во познат апартман во Париз не им се допадна на многумина. Според многубројни коментари фотографиите биле провокативни и неприкладни.

“Треба да има кутија со ручек, таа е дете”, бил еден од коментарите на Фејсбук.

“Сериозно, 16 годишно девојче? Што точно промовирате?”.

Некои дури сметаат дека самата Gabrielle “Coco” Chanel не би го одобрила овој кастинг.

“Неспорно е тоа како една убава млада дама, премлада е речиси облечена”, напиша еден критичар. “Ме интересира каква би била реакцијата на Gabrille Chanel?”.

Додека едни ја критикуваа, имаше и такви кои потполно ја поддржале, велејќи дека денес манекенките ја почнуваат кариерата на 16 години, па дури и помлади.

Loading...

Related posts

Овие панталони се во мода во 2018

vesti24

(ВИДЕО) Бизарно слабеење: Памук – диетата повторно во мода

vesti24

Познатата манекенка се појавила во потполно проѕирен фустан без градник на фестивалот во Кан

vesti24