На модниот пазар постојано се појавуваат некои необични парчиња облека кои предизвикуваат лавина на различни реакции кај луѓето. Овие кратки шорцеви се едни од нив, а иако се распродадени во секунда, многумина сметаат дека се апсолутно непримерни и вулгарни.
Популарниот бренд за млади “Pretty Little Thing” ја претстави новата колекција за пролет лето 2018 година, а помеѓу шарените и креациите со светки се најде и еден необичен тексас шорц кој е исклучително многу краток.
Во замена на класичниот крој, овој шорц е исечен од многу погоре, така што се открива голем дел од задникот, модел кој потсетува на танга гаќички.
Цената на овој шорц е 15 фунти, а како што пренесува магазинот “OK” бил многу брзо распродаден на онлајн страната на брендот. Токму тоа покажува дека ова ќе биде голем тренд оваа сезона, кој ќе го носат младите.