ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Многу сахарска песок и прашина, спарина и заматена атмосфера – доаѓа најтоплиот ден досега

Нашата држава е пред најтоплиот но и пред најмачниот ден досега, под влијание на понатамошен продор на многу топол воздух од југ и сахарска прашина утрешниот ден (петок) ќе биде најтоплиот ден до сега кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени но поради спарината и сахарската прашина и песок истите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реални измерените.

Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи додека ув индексот поради африканскиот бран ќе има висока вредност и ќе има коефициент 7. Веќе во сабота под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, поради загреаната атмосфера локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и појава на град.

Во текот на ноќта сабота кон недела односно за време на воскреснувањето Христово атмосферата постепено ќе се стабилизира иако сеуште ќе има услови за локална нестабилност особено на истокот од државава. Во недела на првиот ден од воскреснувањето Христово ќе имаме сончево време со умерена локална облачност иако само локално и краткотрајно има услови за краткотраен дожд. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени што значи и понатаму ќе се задржи релативно топло.

Да напоменеме дека и следните денови продолжува релативно мачното време особено врз метеопатите.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Славчо Попоски со најнови информации – утре навечер и петок нов снег

vesti24

Сопругот на порно-ѕвездата Сторми Даниелс побарал развод: Сексот со Трамп не му пречел, но..

vesti24

ЕУ: Најмногу слободни работни места има во Чешка, Австрија, Германија и Малта

vesti24