ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Во живо се следи времето, следува развој на нестабилна облачност, врнежи, грмежи и услови за НЕВРЕМЕ

Поради загревањето на атмосферата кое е веќе започнато во следните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите не се исклучува можноста да бидат и во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Утрешниот ден пак ќе биде најтопол кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени додека пак УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока вредност и ќе има коефициент 7.

Сабота пак ќе биде денот со најголема нестабилност кога на многу места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека пак локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер, појава на град како и значително количество на воден талог. Температурите пак ќе бележат тенденција на незначителен пад.

И понатаму ќе се задржи значителниот транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата држава со што и атмосферата ќе биде многу заматена.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Поларна зима во Македонија – измерени -18°C – доаѓаат нови врнежи од снег, детална анализа на Попоски

vesti24

ВМРО-ДПМНЕ: Патриоти добија максимални казни затвор, а борци на ИСИС три пати пониски казни

vesti24

„СПАЈДЕРМЕН“ од Африка спаси детенце од сигурна смрт (ВИДЕО)

vesti24