ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

КРИСТИЈАН повторно зема замав, очекувајте врнежи, нестабилност и снег

Под влијание на моќниот циклон КРИСТИЈАН под чие влијание е веќе подолго време нашата територија понатаму повторно во најголем дел од државава ќе услови нови врнежи од дожд додека локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветер но и услови за ретка појава на град и тоа особено утре попладне. На повисоките планини пак ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка која се формираше во изминатите 24 часа и тоа особено во западните и во северозападните предели.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 20 л/м2.

Во текот на изминатите 24 часа пак најмногу дожд наврна во Маврово и тоа 18 л/м2 каде се забележани и послаби врнежи од снег но и се формираше тенка снежна покривка, во Пожаране пак наврнаа 12 л/м2.

Особено свежо ќе биде во текот на утрешниот ден кога ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Нестабилното време според најновите анализи ќе продолжи и во текот на оваа недела.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

новата 2019 година ни носи ВИСТИНСКА ЗИМА – детали

vesti24

Демонстрантите ги блокирале улиците, во целиот град демолирани и ограбени продавници поради цената на горивото

vesti24

Во Грција покрај паричните казни можете да завршите и во ЗАТВОР!

vesti24