ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Циклонот КРИСТИЈАН понатаму во склоп со постуден воздух од север – во моментов СНЕЖНА бајка на Попова Шапка

Денес во попладневните часови поради циклонот КРИСТИЈАН западните и југозападните предели се зафатени од влажна и нестабилна воздушна маса која е проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат во овие делови и во текот на вечерните како и во ноќните часови.

Поради спуштањето на постудена воздушна маса од север на планинските места како што и најавивме има врнежи од снег каде е формирана снежна покривка, следната снежна бајка доаѓа од скијачкиот центар Попова Шапка:


Фото: Skimacedonia.mk

Инаку на планинските места врнежите од снег ќе продолжат и понатаму па така и снежната покривка ќе се зголеми (на некои места истата ќе се зголеми и за над 10 цм) и тоа особено на високите планински места.

Локално пак ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе започне да дува северен ветер на повеќе места а особено на северот повремено ќе засилува на интензитет.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Србите пронајдоа маани на новите 10 и 50 денари

vesti24

Сателитски снимки од циклонот КРИСТИЈАН – врне речиси низ целата држава, сушата прекин

vesti24

Преседателот Иванов договорот го смета за политичка дивоградба

vesti24