ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Циклонот КРИСТИЈАН над Македонија – следуваат поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер – на планинит снег и снежна покривка

Под влијание на циклонот КРИСТИЈАН но и на нешто посвежа воздушна маса од север понатаму повторно на повеќе места очекуваме нови повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за ретка појава на град.

Во вечерните часови денес ќе започне да дува северен ветер кој во северните предели повремено ќе биде и засилен по интензитет. На повисоките планински места ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка ( понекаде и над 10 цм). Исто така локално понатаму се очекува да наврне и позначително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени додека посвежо ќе се заджри особено во западните и во северозападните предели од државава.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за доста нестабилно време, доколку излегувате со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си понесете чадор.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

ВНИМАНИЕ ДОКОЛКУ СТЕ ВО РЕГИОНОТ: ТОДОР ЌЕ УСЛОВУВА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ!

vesti24

Славчо Попоски со најнови информации – утре навечер и петок нов снег

vesti24

ЦИКЛОНОТ ВЛАДИМИР ПРИСТИГНА: ПОНАТАМУ ОЧЕКУВАЈТЕ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ! МОЖНИ ИЗРАЗЕНИ ПРОЦЕСИ! ДЕТАЛИ

vesti24