ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Циклонот КРИСТИЈАН: Нестабилноста започна – Очекувајте пороен дожд, грмежи и засилен ветер – има услови и за град

Под влијание на циклонот КРИСТИЈАН територијата на нашата држава останува и во следните денови па така се очекуваат нови почести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, има услови локално процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ со услови за појава на град додека пак на највисоките планини (над 2000 м.н.в.) ќе има услови за врнежи од снег.

Температурите ќе бележат тенденција на незначителен пад.

Локално во следните денови пак се очекува да наврне позначително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2.

Инаку пак попладнево веќе има развој на нестабилност проследена со врнежи од дожд кој локално се поројни и проследени со грмежи а има услови и за локална појава на град, нестабилност има локално во Скопско, во централниот дел од државава како и на југот од истата.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

ВНИМАНИЕ: ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА ВЛАДИМИР НОСИ МОЖНОСТ ЗА НЕВРЕМЕ И ВО СКОПСКО! ДЕТАЛИ

vesti24

Еве ја последната објава на Влатко Илиевски пред да биде пронајден мртов

vesti24

Спремете се за лето со температури од над 40°C

vesti24