ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Циклонот Кристијан интензивен на Балканот и кај нас – се очекува многу дожд, олуен ветер, снег и невреме

Буквално целиот Балкански Полуостров е под влијание на моќниот циклон КРИСТИЈАН кој условува чести и интензивни врнежи од дожд. Понатаму многу дожд се очекува на северот од соседна Србија поточно во Војводина каде во следните часови се очекува да наврне количество на воден талог и тоа над 30 л/м2, исто така многу дожд ќе падне и во делови од Босна и Хрватска а поради падот на температурите на воздухот на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка а сето ова ќе биде проследено и со силен и олуен ветер и тоа особено долж Јадранот каде се очекува ударите на бурата да достугнат брзина од над 70 км/час а локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на невреме со грмежи.

Во Македонија па како што најавивме се до крајот на оваа како и на почетокот од следната недела моќниот КРИСТИЈАН ќе влијае на времето кај нас и ќе условува многу нестабилно време со чести врнежи кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ проследени со грмежи и засилен ветер а локално можни се и поинтензивни процеси со услови за ретка појава на град додека пак температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање па така на највисоките планини има услови и за врнежи од снег.

Локано во следните денови повторно се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

МОЌНИОТ ТОДОР: НАЈПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ МЕТЕОРОЛОГ СО НАЈНОВИ АНАЛИЗИ

vesti24

Богаташка од Кувајт тврди дека Филипинските “слуги” не треба да имаат слободен ден ниту пасоши во себе

vesti24

Славчо Попоски со ПРЕКРАСНИ информации – од сабота многу сонце и голем пораст на температурите

vesti24