ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Сателитски снимки од циклонот КРИСТИЈАН – врне речиси низ целата држава, сушата прекин

Во текот на изминатите часови се случи вртлог на циклонот КРИСТИЈАН па така од соседна Грција преку нашата држава навлезе во соседна Бугарија и јужна Србија со што дојде до североисточно и источно воздушно струење па така по краткиот прекин на врнежите вчера во моментов од североисток и исток врнежите се интензивираа и проширија насекаде во државава додека пак на високите планини (над 1800 м.н.в) врне снег.

Локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог и тоа над 20 л/м2. Во продолжение можете да ја погледнете состојбата со циклонот КРИСТИЈАН над нашата држава:

На оваа метеоролошка карта можете да погледнете дека насекаде низ државава се бележат врнежи од дожд (зелена боја) додека пак плавата боја ги означува врнежите од снег на високите планини.

Со овие врнежи конечно го ставаме најавениот крај на сушата која ја зафати нашата држава изминатиот подолг период, врнежи циклонот КРИСТИЈАН во нашата држава и доста нестабилно време ќе условува се до крајот на оваа недела.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Апелацискиот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков

vesti24

ВМРО-ДПМНЕ: Патриоти добија максимални казни затвор, а борци на ИСИС три пати пониски казни

vesti24

НОВ ГОЛЕМ УСПЕХ НА ВЛАДАТА: Американска автомобилска компанија ќе отвори фабрика во Македонија, 500 нови работни места!

vesti24