Uncategorized ЖИВОТ ЗАБАВА

Мел Би ја шокирала јавноста кога открила дека спиела пејачка Гери Хорнер

43-годишната Мел Би ја шокирала јавноста кога открила дека спиела со 46-годишната пејачка Гери Хорнер во текот на нивната најголема слава во деведесеттите, па поради тоа нема сомнеж дека турнејата по повод враќањето на “Spice Girls” ќе биде загрозена.

Во шоуто “Piers Morgan’s Life Stories”, Мелани ги коментирала градите на колешката од групата, нарекувајќи ги одлични и опишала како дошло до таквиот однос, пренесува “Daily Mail”. 

“Бевме најдобри пријатели и едноставно се случи. Се насмевнавме и тоа беше тоа”, изјавила Мел Би.

Сомнителните детали од нивната страст веќе привлекоа големо внимание и наводно го разлутиле сопругот на Гери, Кристијан Хорнер.

“Гери ќе ме мрази поради тоа бидејќи таа е во својата отмена селска куќа со сопругот, но тоа е факт”, додала Мел. Потоа, водителот Пирс Морган ја прашал поранешната спајсица колку често имале секс, а таа на шега го нарекла “перверзник”.

“Ова е изненадување. Никогаш не си го признала ова, зарем не? Луѓето ќе бидат фасцинирани”, ѝ рекол Пирс.

“Ќе ме убие и таа и нејзиниот сопруг. Се надевам дека кога некој ќе ја праша Гери за тоа, нема да се лути и демантира туку ќе признае бидејќи тоа е смешна работа”, додала пејачката.

Loading...

Related posts

Хардинај се степа со баба на говорница (ВИДЕО)

vesti24

Политичар без облека се прошета низ град (ФОТО)

vesti24

Weight Loss | 28-Day Fat-Burning Diet and Meal Plan

vesti24