ВЕСТИ ЗДРАВЈЕ СВЕТ

Политичар кој остро се противеше на вакцинацијата, заболе од мали сипаници

Главниот противник на вакцинацијата, италијанскиот политичар Масимилијано Федрига, оваа седмица бил хоспитализиран откако заболел од мали сипаници.

Федрига е член на десничарската партија Северна Лига, а на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ потврдил дека е болен.

Тој во изминатите неколку месеци цврсто стоеше на својот став против предлог законот за задолжителна вакцинација на сите деца во Италија пред да тргнат на училиште. Законот инаку беше изгласан, па тој предвидува казна за родителите и забрана на децата кои не се вакцинирани да посетуваат училиште.

Откако излегол од болница после четиридневното лекување, овој италијански политичар за тамошните медиуми изјавил дека е добро и им се заблагодарил на сите за грижата.

Извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts

ЕКСПЛОЗИЈА!! ДПМНЕ ЌЕ ГО КАНДИДИРА ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

vesti24

Тригодишно дете тешко повредено во сообраќајка во Тетово

vesti24

Големо невреме на Јадранот: Оваа фотографија ја вознемири Хрватска, Словенија и Црна Гора (ВИДЕО)

vesti24