ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Од снег на рано – летни температури, за викендот до 24°C – детална анализа

Во текот на следните денови територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови значителен пораст на температурите кој за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени и тоа особено во недела, времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

Исклучок ќе биде утрешниот ден кога ќе има преодно дестабилизирање на времето и тоа под влијание на нов влажен бран од запад и од северозапад и истиот ќе услови повремени врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка, на некои места се очекува да наврнат над 10 л/м2 воден талог а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој во попладневните часови ќе го менува правецот во североисточен, снежната граница ќе се наоѓа некаде на 1100 – 1200 м.н.в но сепак краткотрајно услови за провејување на снег ќе има понекаде и на местата нешто под 1000 метри и тоа претежно на запад и север.

Како што веќе најавивме од петок следува период на стабилно, суво и значително потопло време со исклучок на петок навечер кога има услови за слаб локален и краткотраен дожд и снег на планините и тоа особено на североисток додека за време на викендот пак граѓаните ќе можат да уживаат во прекрасното сончево и топло време со рано – летни температури на воздухот

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

По заминувањето на Османлиите, останавме сами во оваа каурска држава (ВИДЕО)

vesti24

ДОАЃА НОВ АФРИКАНСКИ БРАН – ТЕМПЕРАТУРИ БЛИЗУ 40°C, ЕКСТРЕМЕН УВ ИНДЕКС И УСЛОВИ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ! ДЕТАЛИ

vesti24

Терористички напад врз две џамии во Нов Зеланд: Загинаа 49 лица

vesti24