ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Славчо Попоски: ВИКТОРИЈА навлегува во Македонија – очекувајте силен ветер, големо заладување и ЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка

Во текот на оваа ноќ како што веќе најавивме под влијание на циклонот ВИКТОРИЈА врнежи ќе имаме речиси насекаде низ државава и ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до значително фомрирање на снежна покривка (понекаде над 20 цм) а сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец, не се исклучува можноста и за ретки грмежи. Поради драстичниот пад на температурите кој ќе опаднат дури за 10 до 15 степени снежната граница во текот на оваа ноќ и утре на некои места и тола особено на запад и север ќе се спушти и под 1000 м.н.в што значи дела снег понекаде на запад и север ќе има и во населените места каде има услови за формирање на тенка снежна покривка.

Ветерот локално на моменти ќе достигнува брзина од над 90 км/час па така граѓаните да бидат крајно претпазливи каде и како се движат, исто така крајно претпазливи да бидат особено возачите и тоа доколку патуваат низ планинските превои каде се очекува формирање на бела покривка во следните часови додека поради драстичниот пад на температурите на воздухот постои можност и за појава на голомразица.

Значително полошо ќе биде во регионот, односно во Црна Гора, Босна и Херцеговина како и долж Јадранот каде оваа ноќ но и утре се очекуваат локално ОРКАНСКИ удари наветерот ( над 100 км/час) па така доколку некои наши граѓани се наоѓаат токму на овие места да бидат крајно претпазливи.

Накратко да додадеме дека поради оваа нагла промена на времето која е доста голема кај граѓаните а особено кај метеопатите можна е појава на главоболки, болки во коските и на местата од старите рани како и повремена нервоза но и несоница, како и тежина во главата и телото.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Со патриотски песни демонстрантите протестираат против промената на името

vesti24

По ДАВИД следуваат поларни температури и под -15°C, нови снежни врнежи понеделник

vesti24

ТЕМПЕРАТУРИТЕ РАСТАТ – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

vesti24