ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Утревечер пристигнува ВИКТОРИЈА и ќе донесе вистинска зима, ветер од над 90 км/час, дожд, снег и бела покривка

Со спуштањето на значително постудената воздушна маса од север која ќе се судри со топлата која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, ќе дојде до формирање на циклон којго носи името ВИКТОРИЈА и уште утре доцна попладне и навечер ќе има слаб локален дожд а ќе дува и умерен, на некои места и тоаособено на запад засилен ветер од југозападен правец, во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе се интензивираат и ќе ги има на повеќе места а има услови и за ретка нестабилност проследена со грмежи додека пак на планините и на повисоките места поради заладувањето ќе започнат врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка, сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер кој ќе услови температурите на воздухот да опаднат дури за 10 до 15 степени во однос на сегашните.

Врнежите ќе продолжат и во вторник а поради драстичнбото заладување услови за повремени врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри што значи послаби врнежи од снег се можни понекаде и низ населените места во државава а ќе дува засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 90 км/час па така на граѓаните ги советуваме да бидат претпазливи каде и како се движат, исто така поради снежната покривка која се очекува особено на повисоките и планинските места, на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи и тоа особено доколку минуваат низ планинските превои каде секако поради ниските температури ќе има услови и за појава на голомразица.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

РАЗОРНА БОМБА НА ЗАЕВ: Се укинуваат сините картони, бесплатно болничко лекување за сите

vesti24

(ФОТО) Актерот Џерар Батлер ужива во Пловдив!: Бугарките полудеа по славниот глумец

vesti24

Претставник од Грчката влада: Постигнат е договор

vesti24