ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Попоски: Се гледа крајот на мартовското лето – следната недела циклонот ВИКТОРИЈА носи зимски удар

Полека се гледата крајот на ова невообичаено топло време за овој дел од годината кое е проследено со рано – летни температури на воздухот, сепак до самиот крај на оваа недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени а времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена а локално и позначителна облачност, исклучок ќе биде сабота кога има услови само за слаб, краткотраен и локален дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

Под влијание на циклонот ВИКОТРИЈА кој ќе се формира југоисточно и јужно од нас, односно над Турција и Грција и тоа поради продорот на значително постудениот воздух од север и истиот ќе се судри со топлиот од југ и токму поради ова ќе дојде до формирање на овој циклонски систем, Поради ова во текот на ноќта кон вторник на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег на планините а ќе започне да дува и засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во понеделник и на повисоките места и на планините ќе бидат од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, поради заладувањето услови за послаби врнежи од снег понекаде ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри а температурите драстично ќе опаднат и тоа дури и за повеќе од десет степени во споредба со сегашните.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

ФРЧКО СО ПОРАКА ДО ЗАЕВ: Не чекај на народот, тоа не е фер да го бараш од народот, туку ти со твоите најблиски преземи ризик, нагрбачи се и пренеси го решението преку реката, потоа народот ќе те награди кога ќе види дека тоа било мудар потег!

vesti24

Обичаи и верувања за Бадник и Божиќ – вратете се што е позајмено и смирете се со тие што сте скарани

vesti24

Невидено гест на Папата Франциск: Им ги бакнуваше нозете на суданските лидери (ВИДЕО)

vesti24