ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Славчо Попоски -мартовското лето ќе ТРАЕ – УЖИВАЈТЕ

Невообичаената топлина која ја зафати и уште поинтензивно ќе ја зафаќа нашата територија во текот на следните денови ќе се задржи подолго време, односно се до крајот на оваа како и на почетокот од следната недела што значи максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во централните и во југоисточните предели пак истите се очекува да се искачат дури до рано – летни 25 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена а повремено и значителна облачност, само оваа ноќ особено на север и запад ќе има услови за слаб локален дожд, повторно за повремен локален слаб дожд има и во сабота а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

НАПОМЕНА: Сето ова, односно натпросечното топло време лошо ќе влијае особено врз метеопатите каде е можна појава на нервоза, поспаност како и тежина на во главата и телото, исто така поради поголемата влажност во воздухот има услови на некои места и за појава на спарнина.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Утревечер пристигнува ВИКТОРИЈА и ќе донесе вистинска зима, ветер од над 90 км/час, дожд, снег и бела покривка

vesti24

ЕКСПЛОЗИЈА!! ДПМНЕ ЌЕ ГО КАНДИДИРА ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

vesti24

„Јадам леб и шеќер за да има за децата“, четиричлено семејство преживува со 5 илјади месечно (ВИДЕО)

vesti24