ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Студ, провејување на снег и СИЛЕН северен ветер носи новата недела – Детална анализа на времето (најнова)

Самиот почеток на новата недела како што веќе најавивме ни носи невообичаено топло време за овој дел од годината и изразено јужно и југозападно воздушно струење, максималните температури во текот на утрешниот ден ќе се искачат во интервалот од 10 до 16 степени.

Меѓутоа кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон вторник ќе се прошират речиси насекаде, на планините ќе има врнежи од снег, во втората половина од ноќта кон вторник поради продор на студен воздух од север ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува по интензитет и истиот ќе услови нагло и значително заладување на времето.

Температурите ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе а врнежите од дожд освен на повисоките ќе преминат во врнежи од снег и на некои од пониските места особено на запад и на север.

На повисоките места и на планините ќе се формира и зголеми снежната покривка, услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на некои пониски места.

Локално провејување на снег ќе има и во среда а ќе продолжи да дува засилен северен ветер кој локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Максималните дневни температури најниски ќе бидат во среда кога ќе се искачат во интервалот од -5 до 5 додека минималните понекаде ќе се спуштат и под -10 степени.

Ваквата нагла промена на времето како што веќе кажавме лошо ќе влијае особено кај метеопатите.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Славчо Попоски: Подгответе се на НАГЛА и ГОЛЕМА промена на времето од вторник – Студениот бран доаѓа

vesti24

ЕКСПЛОЗИЈА НА БУЈАР ОСМАНИ! СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО МОЖНИ СЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

vesti24

„СПАЈДЕРМЕН“ од Африка спаси детенце од сигурна смрт (ВИДЕО)

vesti24