ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

ВОНРЕДНО биометео на Славчо Попоски – погледнете што ќе предизвика наглата промена на времето која доаѓа

Наглата промена на времето која треба да се случи во текот на ноќта понеделник кон вторник ќе предизвика значително понепоболни биометеоролошки прилики во државава, односно кај поголем дел од граѓаните, особено кај метеопатите пак можна е појава на главоболка како и болки во коските како и на местата од старите рани.

Кај дел од граѓаните пак можна е и појава на нервоза како и несоница но и појава на тежина на главата но и на телото.

Станува збор за изразено јужно воздушно струење во понеделник кога температурите на воздухот на повеќе места ќе се искачат над 10 степени, во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу 16 степени за веќе од вторник па натаму да бидат пониски за околу 10 степени, понекаде и за повеќе па токму ова ќе ги направи биометеоролошките прилики кај нас многу неповолни.

Во продолжение погледнете ја уште еднашка деталната анализа на времето:

За време на овој викенд под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, наутро и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

Уште потопло ќе биде во понеделник кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец што ќе биде најава за нагла промена на времето во понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник,односно во понеделник кон крајот на денот и навечер од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон вторник ќе се прошират на повеќе места, на планините ќе врне снег.

Поради продор на студен воздух од север во текот на ноќта кон вторник ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува а температурите ќе бележат тенденција на нагло и значително опаѓање па така во вторник врнежите од дожд освен на повисоките, ќе преминат во снег и на некои од пониските места но ќе бидат од локален карактер, послаби локални врнежи од снег се очекуваат и во среда а ќе продолжи да дува засилен ветер од северен правец.

Температурите на воздухот ќе опаднат дури за околу 10 степени па така веќе во среда максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од -4 до 5 а во текот на утринските часови понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени додека особено на повисоките и планинските места ќе дојде до формирање но и зголемување на снежната покривка.

Ваквата промена на времето многу лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните, особено врз метеопатите каде е можна појава на главоболка како и болки во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза како и несоница и тежина во главата и телото.

Подготви: Славчо Попоски.

Loading...

Related posts

Полицајци со возило слетаа во реката Лепенец, цела ноќ се трага по нивните тела

vesti24

Славчо Попоски: МОЌНИОТ МАРКО ја ЗАТРУПА Македонија – вонредно информирање до сите граѓани и возачи за понатаму

vesti24

Имате здравствени проблеми и ве мачат главоболки, притисокот и несоница? Погледнете за што се работи

vesti24