ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Славчо Попоски со најава – следува ГОЛЕМА промена на времето, детална анализа

По студениот и влажен бран кој ја зафати нашата држава во текот на денешниот ден, од утре па во текот на следните неколку денови вклучувајќи го и викендот, следува период на стабилно, суво и сонцево време повремено со мала до умерена локална облачност.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст па така максималните дневни за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.

Нешто пониски температури ќе имаме наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, токму големите температурни разлики лошо ќе влијааат врз здравјето на граѓаните, особено кај метеопатите.

Да напоменеме дека во текот на утрешниот ден сеуште ќе има локална позначителна облачност но и мали услови за сосема слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Целиот свет знае за нас, а ние ќе менуваме име! Дури и Формула 1 возачите знаат за Македонија (ВИДЕО)

vesti24

(ВИДЕО) АДВОКАТОТ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, ВАНЕ АНДРЕЕВ : Сачавалиев се мачеше да го намести Заев, но на крајот призна дека работел по наредба и упатства на Чавков и обвинителот кои го наведувале што да зборува за поткуп!

vesti24

(Фото)Ова никој не го забележа: Српските претставници на Евровизија со скриени пораки во настапот

vesti24