ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Славчо Попоски: Доаѓа студен бран, северен ветер и врнежи од дожд и снег

Невообичаено високите температури на воздухот кој се во склоп со невообичаено топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка ќе се задржат и утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Меѓутоа веќе навечер ќе подпаднеме под северно воздушно струење кое ќе услови северен ветер и постепено заладување на времето, во среда пак под влијание на влажен воздушен бран од југ на повеќе места ќе има повремени врнежи кој на на ниските места ќе бидат од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет и локално се очекува воден талог до околу 10 л/м2.

Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток услови за сосема слаби врнежи од снег има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.

Максималните температури во среда ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Од четврток во утринските часови понекаде температурите ќе се спуштаат под нулата.

НАПОМЕНА: Поради северниот ветер кој ќе го имаме утре навечер како и во среда ќе услови расчистување на загаденоста во воздухот.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

(ВИДЕО) ЕКИПАТА НА 360 ОТКРИВА КОИ ЗЕМЈИ СЕ БОРЕЛЕ ЗА НАС ДА ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ: Словенците, Хрватите, Бугарите, Грците, Романците и Унгарците биеле жестока битка во корист на Македонија!

vesti24

ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА ОД ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА!

vesti24

Нови сведоци и „бомби” ќе го расветлат масакрот кај Смилковци

vesti24