ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Зимска спарина надвор – Македонија под влијание на Африкански бран, детална анализа на времето

Територијата на нашата држава и понатаму ќе биде под влијание на јужно и југозападно воздушно струење кое ќе условува транспорт на прашина и на песок од Сахара.

Времето ќе биде умерено до значително облачно а во текот на ноќта како и утре ќе има повремен локален дожд а има услови и за ретка појава на грмежи а исто така до крајот на денов ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој на некои места повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Температурите на воздухот ќе бидат константно над нулата и наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени додека маскималните ќе бидат невообичаено високи и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, да напоменеме дека овие температури се повисоки од нормалните дури за околу 10 степени.

Поради високата влажност во воздухот која ќе ја имаме понатаму, но и поради африканскиот песок и прашина времето ќе биде доста спарно и мачно, но и атмосферата ќе биде заматена и тоа поради Сахарската песок.

Инаку за разлика од кај нас во соседна Албанија и Грција температурите овие денови ќе се искачат дури и до околу па и над 20 степени, исто така невообичаено топол бран ќе ја зафати и Турција и ќе услови температурите да се искачат над 20 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts

Погледајте ја реакцијата на осудениот Албанец на суд откако судијата му изрече казна затвор од 3 години заради киднапирање

vesti24

За влез во Шенген од Балканот ќе биде потребна дозвола и такса

vesti24

УВ ИНДЕКСОТ ЕКСТРЕМНО ВИСОК: КОЕФИЦИЕНТ 10 – 11! ДЕТАЛИ

vesti24