ВЕСТИ ЖИВОТ СВЕТ

Машината за перење примила вода и детергент и почнала да пере, а кога погледнав внатре…видов дека вриска, но гласот не допираше надвор

Знам дека ќе ме осудите како лоша мајка, но сакам да ги предупредам другите за да не им се случи ова, напишала Линдзи Маклвер на Фејсбук, започнувајќи ја приказната за најужасниот настан во својот живот.

Линдзи и нејзиниот сопруг на 8. јули купиле нова машина за перење алишта и ги предупредиле своите три деца да не ја допираат.

Меѓутоа…неколку дена подоцна, таа и сопругот биле разбудени од нивниот 4-годишен син. Детето стоело покрај креветот и плачело, но успеало да каже: “Кло. Внатре. Машина за перење”.

Жената без мислење истрчала во бањата и имала што да види. Во машината влегла вода и детергент и почнала да се врти, а во пената го видела лицето на својат најмала ќерка.

I’ve been hesitant to write this post. First, because of the inevitable online mom-shaming that is bound to ensue; and…

Posted by Lindsey McIver on Wednesday, July 11, 2018

“Врискаше, но надвор не се слушаше глас”, објаснува Линдзи. Родителите испаничилие: машината е нова, не ја познаваат добро, уште не го прочитале упатството за употреба како што треба. Ги послужила среќата, па успеале брзо да ја исклучат машината, да ја отворат вратата и да го извлечат детето. Малата малку се засркнала и имала неколку модринки, но тоа било се.

Иако се плашела дека ќе биде осудена како лоша мајка, Линдзи во коментарите добила разбирање и поддршка, пред се од родителите кои се благодарни за предупредувањето.

Loading...

Related posts

(ФОТО) Актерот Џерар Батлер ужива во Пловдив!: Бугарките полудеа по славниот глумец

vesti24

Славчо Попоски со најава – можност за ЗИМСКИ БУРИ во јануари и февруари

vesti24

ЕКСПЛОЗИЈА!! ДПМНЕ ЌЕ ГО КАНДИДИРА ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

vesti24