ЉУБОВ И СЕКС ВЕСТИ СВЕТ

Сопругот на порно-ѕвездата Сторми Даниелс побарал развод: Сексот со Трамп не му пречел, но..

Сопругот на американската порно актерка Сторми Даниелс која што тврди дека имала сексуални односи со Доналд Трамп пред 12 години, деновиве поднел барање за развод.

„Мојата клиентка Сторми Даниелс и нејзиниот сопруг Глен одлучија да стават крај на својот брак. Ќерката на Сторми останува нејзиниот приоритет број еден. Таа љубезно моли за приватност поради нејзиното семејство“, изјави адвокатот на порно актерката, Мајкл Авенати.

Даниелс, чие што вистинско име е Стефани Клифорд, се омажила со тапанарот Глен Крејн во 2015-та година, потсетува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Крејн, кој што исто така работел во секс индустријата под името Брендон Милер е трет сопруг на Даниелс. Барањето за развод било поднесено една седмица подоцна откако порно актерката била уапсена во еден стриптиз клуб во Охајо.

Даниелс била уапсена затоа што наводно му дозволила на еден клиент да ја допира додека играла на сцената, а потоа била пуштена на слобода со платена кауција од 6 илјади долари. Според законите во американската сојузна држава Охајо, забрането е допирање на гола или полугола танчерка.

Американските медиуми пренесуваат дека тоа ја прелеало чашата и затоа сопругот побарал развод од порно актерката – му пречело тоа што се уште ја допираат клиенти, иако не му пречело што е поранешна актерка и наводно имала афера со Трамп.

Адвокатот на Даниелс нејзиното апсење го нарече „наместено“ и „политички мотивирано“. Имено, Даниелс е во судски спор со американскиот претседател Доналд Трамп откако изјави дека спиела со него во 2006-та година, нешто што Трамп упорно го негира.

На Даниелс ѝ било платено 130 илјади евра непосредно пред претседателските избори на кои што победи Трамп за нејзината ексклузивна приказна за врската со американскиот претседател, но весникот кој што платил за сторијата, никогаш не објавил ништо затоа што сопственикот бил близок пријател со Трамп.

Loading...

Related posts

Бомба на РАДА: Мицко математичарот на неговите прес конферанции се снима самиот со камера и видеото им го праќа на новинарите!

vesti24

КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Температурите ќе одат под нулата, услови за појава на голомразица па ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и циклон

vesti24

По падот на Илинденска Македонија, две нови имиња се враќаат на маса!

vesti24