ТЕХНОЛОГИЈА

Закерберг пред шест години го купи Инстаграм за една милијарда долари: Што мислите колку вреди денес?

Првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг пред шест години одлучи да го купи Инстаграм и за тоа плати една милијарда долари.

Превземањето на компанијата која што тогаш имаше само 13 вработени и немаше остварено никаков приход, ги зачуди аналитичарите кои што беа скептични дека ваквиот потег ќе му донесе некаква корист на Закерберг.

Сепак, според последниот извештај на Bloomberg Intelligence, јасно е дека Закерберг со купувањето на Инстаграм ја направил „зделката на векот“ – имено, шест години подоцна, вредноста на Инстаграм се проценува на вртоглави 100 милијарда долари.

Според проценката на Bloomberg Intelligence, во текот на изминатите шест години откако Закерберг стана сопственик на Инстаграм, вредноста на оваа компанија е зголемена за неверојатни сто пати, а најважно од се е тоа што кај оваа социјална мрежа и натаму, и тоа како има простор за уште поголем раст.

Имено, според аналитичарот кој што го изготви извештајот, Џитендра Варал, во текот на следните пет години бројот на корисници на оваа социјална мрежа би можел двојно да се зголеми и да надмине дури 2 милијарди корисници.

Да потсетиме, неодамна од Фејсбук во чија што сопственост секако е Инстаграм, се пофалија дека бројката на месечни корисници на Инстаграм достигнала една милијарда. Би било интересно да се открие колкава е заработката на Инстаграм, а со оглед на тоа што од Фејсбук не ја откриваат таа информација, проценките говорат дека оваа година, само на пазарот во САД, Инстаграм ќе оствари приход поголем од 5,5 милијарди долари.

 

Инстаграм наводно е заслужен за околу 30% од вкупните приходи на Фејсбук од мобилните огласи, а тој удел за две години би можел да се зголеми на 40%.

За понатамошното зголемување на приходите, како што вели Варал, ќе придонесе неодамна претставената платформа Instagram TV со која што од оваа социјална мрежа го напаѓаат YouTube.

Loading...

Related posts

Дали би ја играле оваа игра? Онлајн свет во кој што луѓето можат да имаат виртуелен секс со своите омилени порно ѕвезди

vesti24

Флертување со помош на Фејсбук: Нова функција за покривање на скандалот?

vesti24

(ВИДЕО) Британец уапсен откако ја пушти својата „Tesla Model S“ на автопилот

vesti24