АВТОМОБИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА

Фолксваген ќе плати вртоглава сума за аферата „Дизелгејт“

Фолксваген е казнет со една милијарда евра поради познатата измама во врска со емисијата на штетни гасови кои што ги испуштаат автомобилите на оваа групација.

Официјален Берлин ја одреди казната за Фолксваген поради аферата „Дизелгејт“. Автомобилскиот гигант од Волфсбург ќе мора да плати една милијарда евра и станува збор за една од највисоките изречени казни од страна на германските власти кон една компанија.

Според информациите кои што ги пренесува „Ројтерс“, казната изречена од германските власти следува откако договорот кој што челниците на Фолксваген го постигнале со челниците на американското правосудство, според кој германската компанија треба да исплати обесштетување од вртоглави 4,3 милијарди американски долари.

„После спроведеното темелно истражување, Фолксваген АГ ја прифаќа изречената казна и нема да поднесе никаква жалба по повод истата. На тој начин, Фолксваген ја прифаќа одговорноста за дизел кризата и ова случување го доживува како важен чекор во насока на надминување на проблемите“, соопштија од Фолксваген.

Покрај тоа, во соопштението е наведено дека „изречената казна во вкупен износ од една милијарда евра се состои од максимално предвидената казна за ваквите случаеви од 5 милиони евра, плус 995 милиони евра поради индиректната штета“.

Според истрагата која што ја водел главниот обвинител од Брауншвајг, прекршени биле правилата за надзор во областа на тестирањата на автомобилите.

Аферата „Дизелгејт“ изби откако беше откриено дека Фолксваген има инсталирано софтвер во своите автомобили кој што на тестирањата покажува лажни податоци околу емисијата на штетни гасови на дизел моторите.

Колку што е досега познато, покрај САД и сега Германија, исто така Фолксваген беше казнет и од јужнокорејските власти, иако казната е со многу поскромен износ од германската и посебно од американската.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts

Голем ден за Закерберг: Денес во Брисел ќе ги објаснува пропустите во заштитата на податоците на ЕУ корисници

vesti24

Злоупотребени податоци на Фејсбук корисници: Проверете дали сте го направиле овој квиз

vesti24

Престанете да го правите ова: На Вибер можете лесно да бидете прислушкувани

vesti24